Талибанците убиле 40 авганистански бунтовници

Талибанците во вторникот соопштија дека нивните сили убиле најмалку 40 борци на авганистанската бунтовничка група предводена од синот на покојниот антиталибански командант за време на обновените борби во северната провинција Паншир.

Областа Паншир е позната по тоа што е место на авганистански отпор против советските сили во 1980-тите и база на антиталибанските бунтовници за време на првиот мандат на исламистите на власт во доцните 1990-ти.

Лидерот на отпорот во Авганистан повика на востание против Талибанците

Фронтот на националниот отпор беше последниот што се спротивстави на преземањето на земјата од страна на Талибанците во август минатата година, со повлекување во областа Паншир.

На чело Ахмад Шах Масуд, силите на Фронтот за национален отпор во мај објавија офанзива против талибанците, тоа е нивната прва офанзива откако талибанците ја презедоа власта.

Голем број цивили побегнаа од долината Паншир во првичниот напад на борбите, но имаше затишје во последните недели.Сепак, во изминатите неколку дена избувнаа нови борби во долината, велат жителите и бунтовничката група.

Талибанскиот владин портпарол Забихула Муџахид изјави дека 40 борци на Фронтот меѓу кои и тројца команданти, биле убиени од талибанските сили.

„Операции за расчистување беа спроведени против бунтовниците во областа Рука, Дара и Абшар во провинцијата Паншир“, објави Муџахид на Твитер, додавајќи дека уште 101 бунтовник се уапсени.

Тој не соопшти кога всушност биле убиени борците на Фронтот. Од Фронтот велат дека талибанците го преувеличуваат бројот на убиени борци.

„Само мала група наши сили беа заробени и убиени од талибанците. Нашите сили жестоко се бореа до последниот куршум, “ изјави Али Нарифи, претставник на Фронтот.

Претходно водачот на движењето за отпор во авганистанската долина Паншир повика на „национално востание“ против Талибанците, кои тврдат дека ја презеле целосната контрола врз провинцијата која беше последна што ја држеа опозициските сили.