Германскиот канцелар Олаф Шолц го повика рускиот претседател Владимир Путин да најде дипломатско решение за конфликтот во Украина врз основа на прекин на огнот и целосно повлекување на руските војници, соопшти Kабинетот на канцеларoт на 13 септември, откако двајцата лидери разговараа по телефон.
Портпаролот на Шолц, Штефен Хебестрајт изјава дека Шолц, исто така, ја нагласи потребата да се обезбеди безбедност на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Тој апелирал до Путин да продолжи целосно да го спроведува договорот за жито поддржан од Обединетите нации.
„Сојузниот канцелар нагласи дека сите дополнителни чекори на руска анексија нема да останат без одговор и нема да бидат признаени под никакви околности“, се вели во соопштението на Хебестрејт.
Во соопштението се додава дека Шолц и Путин се согласиле да останат во контакт. Според канцеларијата на канцеларот, 90-минутниот разговор е прв меѓу Шолц и Путин во последните неколку недели.