Кремљ соопшти дека не планира да објави целосна или делумна мобилизација во Русија, откако руските сили претрпеа загуби и изгубија територии во регионот Харкив во Украина по контраофанзивата на украинските сили.
„Во овој момент не, нема разговори за такво нешто“, рече денеска портпаролот на Кремљ Дмитри Песков одговарајќи на новинарско прашање.
Тој исто така рече дека секоја критика за руските воени претставници поради неодамнешните украински успеси во регионот Харкив може да се прават само „во согласност со актуелната легислатива“.
Тој алудираше на законот донесен во март, неколку дена по почетокот на руската агресија врз Украина со кој се забранува критикување на инвазијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера рече дека украинските сили ослободиле 6000 квадратни километри од Русија во противофанзивата која почна на почетокот на овој месец.