Владата предлага продолжување на енергетската кризна состојба

Илустрација

Предлог одлуки за продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија до 30 април годинава се усвоени денеска на седница на Владата и ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.

Воедно, како што дополнуваат, прифатен е и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државава, до 30.4.2023 година поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Предлог-одлуките ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието.