Рама телефонски разговарал со Блинкен за сајбернападите

UKRAINE – Albanian Prime Minister Edi Rama. Kyiv, June 15, 2022

Албанскиот премиер Еди Рама денеска телефонски разговарал со американскиот државниот секретар Антони Блинкен поради сајбер нападите врз Албанија, односно врз виталната инфраструктура. Од кабинетот на Рама соопштија дека Блинкен ги осудил сајбер нападите изведени на 9 септември врз албанските гранични контролни системи. Ова е втор пат Албанија да е жртва на сајбер напади по оние на Иран врз владините системи на Албанија на 15 јули.

Блинкен ја истакна важноста на соработката меѓу САД и Албанија, како сојузник во НАТО, за регионалната безбедност, се вели во соопштението од кабинетот на Рама.
Одговорноста за последниот сајбер напад ја презеде групата „Татковинска правда“. Истиот следуваше по одлуката на албанската Влада да ги прекине дипломатските односи со Иран и протерување на целиот персонал од Амбасадата.

Бегај по сајбер нападите кон Албанија: Националната безбедност врвен приоритет

Претходно албанскиот претседател Бајрам Бегај преку објава на Твитер ги осуди сајбернападите што ја погодија неговата земја, повикувајќи на зајакнување на врските со партнерите и сојузниците на Албанија.

Иран ги осуди американските санкции поради сајбер нападот врз Албанија

„Неодамнешните сајбер напади врз нашата витална инфраструктура не потсетуваат дека националната безбедност е врвен приоритет. Мораме да ги градиме и развиваме нашите национални способности преку зајакнување на врските со нашите партнери и сојузници за да ја заштитиме безбедноста на нашите земји и народи,“ напиша Бегај на Твитер.