Средношколците се разочарани што и оваа учебна 2022/23 повторно се соочуваат со стаиот проблем а тоа е недостиг на учебници во училиштата, се вели во соопштението на Сојузот на средношколците. Тие бараат од институциите да го решат проблемот за да имаат непречен наставен процес. Во соопштението на Сојузот на средношколците е наведено дека овој проблем е исклучително алармантен, затоа го годинава забележале зголемен број на проблематични случаи во многу од средните училишта ширум државата.
„Учениците пријавуваат дека добиваат оштетени учебници далеку од употреблива состојба, а во најлош случај, комплетен недостатокот на дел од учебниците. Сојузот утврди дека вакви ситуации се присутни во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Делчево и други градови, дури и во некои од најголемите средни училишта. Проблемот е особено изразен во стручните училишта, специфично за учебниците по стручните предмети, што создава нееднаквост меѓу учениците. Решавањето на проблемот е оставено на самите ученици, кои се принудени да се снаоѓаат со барање на елекотронски форми на учебникот, учење преку слики од врсниците, или најстрашно фотокопирање или набавување на истите на свој трошок“, велат од Сојузот на средношколци.
Без учебници за четири одделенија и без ковид протоколи почна новата учебна година
Средношколците сметат дека ваквата ситуација е апсолутно неприфатлива и строго ја осудуваат неодговорноста на надлежните институции во нивното справување со проблемот.
„Не може незавршената дигитализација да се користи како изговор за немањето на учебници“, велат од сојузот на средношколци.
Тие апелираат проблемот да биде ставен како висок приоритет и активно да се работи на негово решавање.