Украинските сили повторно зазедоа 6.000 квадратни километри од Русија во контраофанзива овој месец, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото ноќно обраќање кон нацијата. До ова дојде откако руски функционер призна во јавноста дека руските сили се значително побројни додека украинската војска се приближува до границата со Русија.
„Од почетокот на септември, нашите војници веќе ослободија 6.000 квадратни километри украинска територија на исток и југ, а ние продолжуваме понатаму“, истакна Зеленски во своето видео обраќање.
Шест илјади квадратни километри е околу шест и пол пати поголема територија од градот Берлин.
Пред два дена Зеленски изјави дека е ослободена територија со големина од околу 2.000 квадратни километри во Украина. Генералштабот на украинската војска на 11 септември соопшти дека украинските сили ослободиле повеќе од 20 населени места во регионите Харкив, Луганск и Доњецк.
Официјален руски функционер Виталиј Ганчев, претходно на 12 септември на руската државна „Россија 24“ изјави дека украинските војници ги вратиле областите кои претходно ги држеше Русија на северот од Харкив, пробивајќи се до границата со Русија и дека „околу 5.000“ цивили се евакуирани во Русија.
Според Ганчев, украинската војска ги надминала во бројност руските сили за осум спрема еден за време на украинската контраофанзива во регионот што започна минатата недела.
Ганчев рече дека „ситуацијата станува се потешка од час во час“, додавајќи дека границата со рускиот регион Белгород сега е затворена.
Прва средба на Џинпинг и Путин од почетокот на инвазијата врз Украина
Овие негови коментари кои не можеа да се потврдат независно доаѓаат во време кога украинската војска навлезе во клучните руски центри за снабдување Изум и Купјанск, каде што беше сместена администрацијата инсталирана од Русија во регионот Харкив.
На 11 септември, руското Министерство за одбрана објави мапа на која се гледа дека руските сили речиси целосно го напуштиле регионот Харкив.
Украинските војници споделија видео снимки на кои креваат украински знамиња на зградите во регионот Харков и се поздравени од благодарни жители. Некои од видеата покажуваат парчиња руска артилерија и тенкови оставени од војниците кои бегаат.
Едно видео ги прикажува украинските војници пред општинската зграда во Хоптивка, село на само околу 2 километри од границата и околу 19 километри северно од Харкив.
Гувернерот на Харкив, Олех Синјехубов, изјави дека украинските војници ја вратиле контролата врз повеќе од 40 населени места во регионот.
Но, додека украинските трупи ја туркаат контраофанзивата, постоеја стравувања дека тоа би можело да предизвика уште пожесток одговор од Москва. Како што тврдат украинските власти, Русија веќе изврши ракетни напади кои ја погодија клучната цивилна инфраструктура.
Проблеми со електрична енергија и вода беа пријавени на 11 септември во регионите Харков, Суми, Полтава, Запорожје и Днепропетровск, што веројатно влијаеше врз милиони луѓе.