Протести на жителите на општина Шуто Оризари

Протестите на жителите на Шуто Оризари

Жители на скопската општина Шуто Оризари денеска протестираат против, како што велат, систематското игнорирање на општината од страна на Советот и раководството на Град Скопје. Протестот започна кај паркот кај големата џамија во Шуто Оризари, а ќе заврши пред Град Скопје. Протестот се одржува под слоганот „Шуто Оризари – Заборавена општина!“.

Протести на жителите на Шуто Оризари

Демонстрантите носат транспаренти испишани со зборовите „Граѓаните на Шуто Оризари плаќаат даноци и комуналии“, „Реинвестирајте ги парите од граѓаните на Шуто Оризари во Шуто Оризари“.

„Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на Град Скопје кои ќе бидат преточени во реализирани проекти во Општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница“, соопштија организаторите.

Протестот се организира на денот на општината Шуто Оризари.