Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информира дека во „Макстил“ биле уништени околу десет тони различни видови на наркотични дроги одземени до август 2022 година.
„Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, потоа, околу 100 килограми хероин, хашиш и кокаин, над илјада растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанции што претставува најголемо уништено количество запленета дрога досега која на црниот пазар би достигнала според проценките некаде вкупна вредност од 26 милиони евра“, рече тој.
Уништувањето на дрогата, како што посочи, е реализирано во соработка со МВР, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Агенцијата за управување со одземен имот, јавното обвинителство и судството.
Видео од уништувањето на запленетата дрога (Видео извор: МВР)