Манифестација „Европрајд 2022“ стартуваше денеска во Белград со кревање на знамето со виножито пред Палатата Србија. На меѓународната конференција за човекови права покрај големиот број странски гости, дипломати, претставници на странски влади, ќе бидат организирани и голем број изложби, активистички, едукативни, културни и забавни настани. Според најавите на организаторите, „Неделата на гордоста“ во Белград треба да заврши во сабота на 17 септември со прошетка на учесниците.
Белградскиот „Европрајд“, исто така, ќе биде историски, бидејќи е прв што се одржува во регионот на Западен Балкан и воопшто во овој дел од Европа.
Координаторот на „Европрајд“, Горан Милетиќ, рече дека не очекува МВР да ја забрани планираната прошетка бидејќи за тоа нема законски услови и нема закани по безбедноста, здравјето и моралот. Тој наведе дека одлуката за забрана би била незаконска и противуставна.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 10-ти септември по состанокот на Советот за национална безбедност изјави дека одлуката за одржување на “Европрајд“ ќе ја донесе министерството за внатрешни работи 96 часа пред одржувањето.
Вучиќ ја откажа меѓународната ЕуроПрајд парада
„И да кажам „немојте“, тие ќе излезат и тоа ќе биде протест“, рече Милетиќ, наведувајќи дека тогаш би се забранил форматот, односно нема да се шета како секоја година, туку тоа ќе се стане протест.
Кристин Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, го честиташе отворањето на настанот и рече дека тоа е најважниот Прајд во историјата од 30 години. Таа им порача на активистите дека отпорот на кој наишле во општеството само покажува колку е важен Европрајд во Белград и Србија и дека не треба да ги потценуваат стотиците илјади луѓе во Европа кои се со нив.