Бројот на загинати при силниот земјотрес на 5 септември кој го погоди Сечуан во западниот дел на Кина порасна на 93. Потрагата по преживеани се уште е во тек.
Земјотресот беше со интезитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала предизвика сериозна штета во автономната област Ганза. По првиот удар, следуваат илјадници други послаби потреси во текот на изминатата недела. Од 2 700 послаби земјотреси кои биле регистрирани за една седмица како афтершокови само еден бил забележан со посилен интезитет од 4,5 степени.
Земјотрес во Јонското Море, затворени плажи на Закинтос
Според последните податоци околу 25 луѓе се водат како исчезнати, а потрагата по преживеани и извлекување на тела се уште е во тек, поради коплицираните временски услови со силен дожд и појава на лизгање на земја.
Земјотресот го погоди и главниот град на провинцијата кој беше под силни мерки за ограничување на движењето поради пандемијата со ковид-19, што значи дека не им било дозволено да ја напуштат зградата во која живеат.