Операциите во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, се „целосно запрени“ како безбедносна мерка, објави енергетското регулаторно тело за должено за централата Енерхоатом.
Украинската војска тврди дека презела контрола врз 20 села кои биле окупирани од руските сили
Украинската државна агенција задолжена за централата соопшто дека единствениот оперативен реактор бил исклучен од мрежата претходно утрото, додавајќи дека се работи за негово ладење и префрлање во студена состојба.
На 7 септември, украинските власти ги повикаа жителите во областите околу централата контролирани од инвазивните руски сили да се евакуираат за своја безбедност. Случувањата и нападите околу централата, најголемата нуклеарна станица во Европа, ги зголеми стравувањата од потенцијална нуклеарна катастрофа.
Русија ја обвини Украина дека се обидела повторно да ја заземе централата со сила, обвинувања кои Киев ги негира.
Украина и Западот ја обвинуваат Русија за распоредување тешко вооружување на локацијата, знаејќи дека Украина веројатно нема да пука врз неа. Москва ги негира тие наводи, но се спротивстави на напорите за демилитаризација на областа со цел да се избегне еколошка катастрофа .