Албанскиот претседател Бајрам Бегај преку објава на Твитер ги осуди кибернападите што ја погодија неговата земја, повикувајќи на зајакнување на врските со партнерите и сојузниците на Албанија.
„Неодамнешните кибернапади врз нашата витална инфраструктура не потсетуваат дека националната безбедност е врвен приоритет. Мораме да ги градиме и развиваме нашите национални способности преку зајакнување на врските со нашите партнери и сојузници за да ја заштитиме безбедноста на нашите земји и народи,“ напиша Бегај.
Вчера премиерот Еди Рама соопшти дека Албанија била жртва на нов кибернапад од Иран, сличен на оној на владините служби на 15 јули, што овој пат се случил на системот на граничните премини во Албанија.
По кибернападите кои вон функција три недели ги остави владините сервиси а за кои премиерот Рама рече дека е потврдено оти се извршени од Иран, албанската влада на 7 месецов одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран. Ваквата одлука Иран ја оцени како „неоснована и непромислена, донесена под влијание на трети земји“.