Германија и вети на Украина помош во расчистување на мините

илустрација

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вети помош од Германија за отстранување на противпешадиските мини оставени во Украина со повлекување на руските војници, но одби да каже дали Германија ќе го исполни барањето на Украина за испраќање на борбени тенкови.

За време на посетата на минско поле во Велика Димерка во близина на Киев, Баербок ја обвини руската армија дека ги „контаминирала“ предградијата на Киев со мини, кои според неа биле пронајдени и во детски играчки во приватни куќи.

Баербок, исто така разговараше со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и други официјални претставници за време на нејзината втора посета на земјата по руската инвазија во февруари.

На прес-конференција, Кулеба го покрена прашањето за борбени тенкови, велејќи дека Киев не гледа „нема пречки“ за своето барање. Баербок реагираше претпазливо, велејќи дека Германија испорачува тешко вооружување веќе некое време и ќе испорача уште 10 противвоздушни системи Гепард, познат и како систем Чита, што е можно побрзо.

Украинскиот премиер Денис Шмихал се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин на 4 септември и ја истакна потребата од дополнително оружје, вклучително и борбени тенкови Леопард 2. Шмихал им рече на новинарите дека е „оптимист“ за евентуалното доставување на тенковите, но Шолц изрази скептицизам во однос на нивно испраќање.