Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска. Илјадници граѓани во Шкотска чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.
Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата. Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.
Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне.
Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија, каде што нејзиното тело ќе биде изложено четири дена.
Британската кралица Елизабета Втора почина во Балморал на 96-годишна возраст. Таа помина 70 години на престолот.
За многу Британци, кралицата Елизабета претставуваше симбол на стабилноста во текот на 20-от век. Таа беше заслужна за модернизацијата на монархијата низ децениите на огромни социјални промени и вешто менаџирање со скандалите на сопственото семејство.