Авганистанските девојчиња протестираа поради затворање на средните училишта

илустрација, затворено средно училиште во Авганистан

Десетици девојчиња протестираа во провинцијата Пактија во источен Авганистан, откако талибанските власти ги затворија нивните средни училишта само неколку дена по обновувањето на наставата. Еден жител на провинцијата Пактија, кој од безбедносни причини одби да биде идентификуван, за Радио Азади на РСЕ изјави дека девојчињата протестирале во Гардиз, главниот град на провинцијата Пактија, истиот ден кога Талибанците ги затвориле училиштата.

На социјалните мрежи кружеа неколку видеа од демонстрациите. Во една од нив студентка прашува: „Зошто си поигруваше со нашите чувства и зошто нè вративте разочарани во нашите домови?“

Пред две недели четири училишта беа отворени во Гардиз и едно во Самкани, за подоцна да бидат повторно затворени од Талибанците. Илјадници девојчиња продолжија со наставата во училиштата, кои беа отворени во консултација со училишните администратори и родителите на девојчињата, но не со дозвола од Министерството за образование.

Маулви Мониб, шеф на образованието во провинцијата Пактија, одби да одговори на прашањата на Радио Азади за демонстрациите и затворањето на училиштата. Тој рече дека патува и за тоа подоцна ќе даде информации.