Чарлс Трети официјално е прогласен за британски крал

илустрација

Кралот Чарлс Трети денеска и официјално е крунисан за британски монарх, на церемонија исполнета со античка традиција и политичка симболика, а која за прв пат се емитуваше во живо.

Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина во четвртокот, но церемонијата за прием е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето на нов монарх во земјата.

На церемонијата во палатата Сент Џејмс во кралската резиденција во Лондон, присуствува и Советот за пристапување, кој се состои од високи политичари и функционери кои го советуваат монархот. Тие прво се сретнаа без Чарлс за официјално да ја потврдат титулата, а потоа тој им се придружил за да даде серија заклетви и изјави.

Ова е првпат да се одржува ваква церемонија од 1952 година, кога кралицата Елизабета Втора го презеде тронот.

На церемонијата Чарлс беше придружуван од неговата сопруга Камила, кралицата сопруга и неговиот најстар син принцот Вилијам. Вилијам сега е престолонаследник и познат по титулата што Чарлс долго ја има, Принцот од Велс.

По церемонијата, службеник на глас ќе прочита проглас од балконот на Палатата Св. Џејмс. Ќе се чита и во средновековниот град Лондон и на други локации низ Обединетото Кралство.

Два дена откако 96-годишната кралица почина во замокот Балморал во Шкотска по невидени 70 години на тронот, луѓето продолжија да и оддаваат почит пред Бакингемската палата во Лондон. Сцената се повтори во други кралски резиденции низ Обединетото Кралство и во британските амбасади ширум светот.

Во својот говор во петокот, монархот вети дека ќе ја продолжи „доживотната служба на кралицата“, со свој модерен печат.