Унгарското тело за надзор на медиумите заклучи дека анимирана серија на Нетфликс го прекршила унгарскиот анти-ЛГБТ закон, кога било прикажано како „две девојки ја покажуваат својата љубов и се бакнуваат една со друга“.
Националната управа за медиуми и комуникации (NMHH) соопшти дека нејзиниот совет за медиуми заклучил дека бакнежот во една епизода од позната авантуристичка серија „како и приказот на застрашувачките суштества кои ги бркаат ликовите, може да биде штетен за моралниот развој на малолетниците. Институцијата ја објави својата истрага минатиот месец врз основа на „неколку жалби“.
- Загрижувачка регресија на правата на ЛГБТ во Источна Европа
- Зачестени пријави до унгарскиот медиумски регулатор по усвојувањето на ЛГБТ законот
NMHH во соопштението испратено до РСЕ вели дека според унгарскиот закон, серијата требало да биде оценета со ознаката „не се препорачува за деца под 12 години“. NMHH соопшти дека нејзиниот совет за медиуми „ќе го извести холандскиот аудиовизуелен регулатор (CVDM), барајќи од него да го истражи случајот.“
Унгарските амандмани за заштита на децата, медиумите, образованието и други закони беа одобрени со огромно мнозинство во средината на 2021 година, со поддршка од партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан. Таа ги забранува сликите со кои се прикажува хомосексуалноста на сите помлади од 18 години.