Во рамки на своите уставни надлежности, македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во пет држави - Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија.
За амбасадор во Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска, додека Методија Белевски е нов амбасадор во Белгија.
Нова амбасадорка во Словачка е Евгенија Илиева, во Канада е поставен Агрон Буџаку, додека во Норвешка Дритон Кучи.