Соединетите Американски Држави (САД) воведоа санкции за иранска авиокомпанија, која ја обвинија дека ги координирала воените летови за транспорт на беспилотни летала во Русија за употреба во војната во Украина.
Американското Министерство за финансии ги објави санкциите на 8 септември, истакнувајќи дека исто така санкционирани се и три компании за кои тврдат дека се вклучени во развојот и производството на ирански беспилотни летала.
Американските разузнавачи утврдија дека Русија сакала да набави стотици ирански беспилотни летала за употреба во Украина.
Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран
Брајан Нелсон, потсекретар за финансиско разузнавање, изјави дека Министерството за финансии е „посветено строго да ги спроведува санкциите против Русија и Иран и да ги повика на одговорност како Иран така и сите оние кои ја поддржуваат руската агресивна војна во Украина“.
„САД нема да се двоумат да ги таргетираат производителите и набавувачите кои придонесуваат за програмата за беспилотни летала на Иран и на Корпусот на Исламската револуционерна гарда“, додаде тој.
Иран бара посилни гаранции од САД за обновување на нуклеарниот договор
Со санкциите се замрзнуваат сите средства што компаниите и поединците може да ги имаат во Соединетите држави и генерално забрануваат водење бизнис во САД.
Санкциите доаѓаат по малиот напредок во индиректните разговори меѓу Иран и САД, чија цел е да се оживее договорот од 2015 година, кој ја ограничуваше иранската нуклеарна програма.