Шефот на украинскиот оператор за атомска енергија Енерхоатом, Петро Котин, ја обвини Русија дека се обидува да ја „украде“ најголемата нуклеарна централа во Европа, јавува Асошиејтед прес (АП).
Котин во изјава за АП вели дека Русија се обидува да ја исклучи нуклеарната централа Запорожје од електричната мрежа на Украина и да ја остави на „работ на радијациска“ катастрофа.
Според него, нуклеарната централа Запорожје од понеделник, 5 септември е без надворешен извор на електрична енергија, а за сопствените безбедносни системи добива струја од единствениот од шесте реактори, кој останува во функција.
„Се обидуваме да ја одржиме оваа единица да работи колку што е можно повеќе, но на крајот ќе мора да се исклучи и потоа станицата ќе се префрли на дизел генератори“, рече Котин.
Русија бара „дополнителни појаснувања“ од МААЕ во врска со извештајот од Запорожје
Тој објасни дека таквите генератори се „последната одбрана на станицата пред радијацијата“.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање што оштети делови од централата, како и далноводите што се поврзуваат со електричната мрежа на Украина и обезбедуваат струја за клучниот систем за ладење кој што е потребен за да се спречи дефект.