Северна Кореја официјално го оззакони правото на употреба на превентивни нуклеарни напади со „неповратен“ нов закон.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека законот што беше усвоен на 8 септември го прави статусот на земјата како нуклеарна сила „неповратен“ и забранува какви било разговори за денуклеаризација, јавуваат државните медиуми.
„Најголемото значење на законодавството на политиката за нуклеарно оружје е да се повлече неповратна линија за да не може да има пазарење за нашето нуклеарно оружје“, рече Ким Џонг Ун пред парламентот на земјата .
Според новите законски измени Северна Кореја може да изврши превентивен нуклеарен напад „автоматски“ и „веднаш да ги уништи непријателските сили“ дури и во случај на конвенционален напад од странска земја што го загрозува државното раководство или команда на нуклеарните сили на Пјонгјанг“.
Северна Кореја истрела три балистички проектили
Се верува дека Северна Кореја се подготвува да продолжи со нуклеарно тестирање за прв пат од 2017 година, кога самитите со американските и другите светски лидери не успеаја да ја убедат земјата да го запре развојот на нуклеарното оружје.
Севернокорејскиот лидер порача дека никогаш нема да го предаде нуклеарното оружје на земјата дури и ако се соочи со 100 години санкции.