Шефот на италијанската држава во официјална посета на Македонија

Серџо Матарела

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Како што соопшти Амбасадата на Италија, по средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне и со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, а ќе се обрати и до пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата.

Во попладневните часови најавена е и средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Матарела синоќа допатува во официјална посета на земјава, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Италијанскиот премиер поднесе оставка по распадот на коалицијата

Посетата на Матарела на највисоко ниво го потврдува интензитетот на односите меѓу Италија и Северна Македонија, на политичко поле. Италија отсекогаш ги поддржувала евроатлантските амбиции на Северна Македонија, а истовремено е домаќин на значителна македонска дијаспора и е осми трговски партнер, со силен нагорен тренд, посочуваат од Италијанската амбасада во Скопје.