Американскиот државен секретар Антони Блинкен допатува во ненадејна посета на Киев, откако САД ветија уште 2,6 милијарди долари помош за Украина и за други земји за зајакнување на безбедноста низ Европа поради неиспровоцираната инвазија на Русија врз нивниот сосед.
Блинкен денеска ја направи посетата додека беше на патување во Полска и рече дека Белата куќа ќе искористи 2 милијарди долари од програмата за надворешно воено финансирање за да ја зајакне безбедноста на Украина и на 18 нејзини соседи, вклучително и некои земји од НАТО и регионалните безбедносни партнери кои „најпотенцијално се изложени на ризик за идна руска агресија“.
Најавата дојде неколку часа откако американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден одобрила дополнително оружје во вредност од 675 милиони долари за Украина, додавајќи дека Вашингтон гледа „демонстрација на успех“ на бојното поле од Украина против руските војници кои ја нападнаа земјата на крајот на февруари.
Остин зборуваше на почетокот на денешниот состанок во воздухопловната база Рамштајн во Германија, каде министрите ќе разговараат за начините за координирање на обуката на украинските војници.