Катастрофални последици од сирискиот конфликт врз децата со попреченост

Илустративна фотографија.

Вооружениот конфликт во Сирија, кој трае повеќе од една деценија, има катастрофално влијание врз децата со попреченост.

Извештај на „Хјуман рајтс воч“ го документира зголемениот ризик со кој се соочуваат децата со попреченост во конфликти, вклучително и ранливостa за време на напади, напуштање за време на непријателства и трајна психолошка штета.

И покрај милијардите помош, на децата со попреченост непропорционално им е оневозможен пристап до образование и хуманитарна помош.

Конфликтот, меѓу другите фактори, ја втурна Сирија во економска криза без преседан, што влијае врз способноста на децата и нивните семејства да ги задоволат нивните основни потреби.

Траумата предизвикана од вооружениот конфликт во комбинација со недостатокот на образовна, психо-социјална и ментална поддршка, го става под ризик менталното здравје на децата.

Децата со попреченост се соочуваат со социјална стигма, вклучително и вербална и физичка злоупотреба. Овој извештај ги повикува Обединетите нации и владите-членки итно да ги обезбедат правата, заштитата и помошта на децата со попреченост во Сирија.