Италијанскиот претседател Матарела во официјална посета на Македонија

Италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска вечер ќе пристигне во официјална посета на Македонија.

Матарела во петок ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски при што заедно со нивните делегации ќе одржат работна средба, а потоа че одржат прес конференција.

По средбата со Пендаровски, Матарела ќе има средба во Собранието со претседателот на Парламентот, Талат Џафери и ќе има обраќање пред пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата.

Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Претседателите Пендаровски и Матарела досега имаа средби во Рим во ноември 2019 година и во мај 2021 година.

Во петок во попладневните часови Матарела ќе се сретне со ремиерот Димитар Ковачевски

Серџо Матарела беше избран за претседател на Италија во јануари 2015 година, а потоа и реизбран и во февруари 2022 година.