Украина денеска ги повика жителите на областите окупирани од Русија околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа, најголемата во Европа.
„Апелирам до жителите на окрузите во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје евакуирајте се! Најдете начин да стигнете до (украинската) контролирана територија“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук во објавата на Телеграм.
Протераниот украински градоначалник на Енерходар, главниот град што ја опслужува централата, во посебна објава на Телеграма рече дека реонот е под оган од руските сили и дека нема струја.
Русија негира дека цел на нападите се цивили и го обвинува Киев за гранатирање на нуклеарната централа. Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари.