Нови 134 случаи на ковид 19

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид 19.

Регистрирани сe 144 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице и тоа во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица, од Струмица и Виница. Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2 155 983 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 261, бројот на оздравени пациенти е 330 472, на починати е 9 502, а бројот на активни случаи изнесува 1 287 лица.