Во Скопје официјално отворена НАТО конференцијата за комуникатори

Илустрација

Во Скопје се одржува НАТО – Конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година е Северна Македонија.

„Комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста. Безбедносната криза со која се соочува Европа и светот, како и во информациската сфера преку сајбер безбедноста и хибридните напади, покажува дека сите ние без разлика дали како членки на НАТО или како европски и уште повеќе балкански земји мора да продолжиме со интензивниот фокус на ова поле. Борбата со дезинформациите е приоритет на кој работиме и меѓусекторски во Владата, но и партнерски со медиумските и граѓанските кругови“, истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски на официјалното отворање на конференцијата.

На отворањето на Конференцијата, свои обраќања имаат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, а преку видео-обраќања и командантот на Сојузничката команда за операции, генералот Кристофер Каволи и командантот на Сојузничката команда за трансформација, генералот Филип Лавињ.

На Конференцијата во Скопје ќе учествуваат околу 300 експерти од оваа област.