Москва побара „дополнителни појаснувања“ од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откако оваа агенција објави извештај за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје.
„Потребно е дополнително појаснување, бидејќи извештајот содржи голем број прашања кои нема да ги набројувам сега, но овие објаснувања ги побаравме од генералниот директор на МААЕ“, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за државната новинска агенција Интерфакс за време на економскиот форум во источниот руски град Владивосток.
Во извештајот на МААЕ за најголемата нуклеарна централа во Европа, се наведува дека моменталната ситуација во централата е „неодржлива“ и дека има „итна потреба од привремени мерки“ за да се избегне нуклеарна несреќа.
- Извештајот на МААЕ за Запорожје предупредува на „итна“ потреба од мерки за да се избегне нуклеарна несреќа
- Прекин на снабдување со вода и струја во близина на нуклеарната централа Запорожје
Извештајот ги повика Русија и Украина да воспостават „нуклеарна безбедносна и безбедносна заштитна зона“ околу централата и се додава дека гранатирањето на локацијата и неговата близина треба веднаш да престане за да се избегне каква било дополнителна штета за централата и за безбедноста на нејзиниот оперативен персонал.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова пак, го обвини Западот дека врши притисок врз мисијата на МААЕ која ја посети централата минатата недела. Двајца членки на МААЕ останаа во централата откако мисијата замина за да ја следи ситуацијата.
Постројката беше заземена од руските сили во март, но сè уште е поврзана со украинската електрична мрежа и со неа управува украинскиот персонал. И украинската и руската страна се обвинија меѓусебно за напади врз областа.
Новинската агенција РИА Новости ја цитираше Захарова дека Русија и доставила на мисијата целосни податоци за изворот на гранатирањето и се прашува зошто мисијата во својот извештај не ја именува Украина како извор на нападите врз нуклеарната централа.