Алијанса за Албанците ќе ги поддржат уставните измени, но под услов терминот „20 проценти“, кој се однесува на бројот на Албанци во Македонија, да биде избришан од Уставот. Ова денеска го изјави потпретседателот на Алијансата Арбен Таравани на новинарско прашање на прес конференција во Гостивар. Тој денеска посочи дека сегашното владеачко мнозинство ги нема 80-те гласа во Парламентот за да спроведе уставни измени.
„Актуелната политичка ситуација е проблематична и колку што гледам тешко дека ќе се обезбедат 80 гласа. Како партија имаме барање, односно исполнување на еден предуслов. Нашите пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се повлече „20 отсто“ во уставот во делот на остварувањата на паравата на една заедница“, изјави Таравари.
Какви ќе бидат последиците ако не успее референдумот на ВМРО-ДПМНЕ?
За референдумот и предлогот на ВМРО ДПМНЕ, тој смета дека тоа е повеќе работа на македонските партии и Албанците не се многу загрижени за тоа.
Албанците повеќе ги интересира почеток на македонските преговори со ЕУ. На новинарското прашање што е позивесно дека прво ќе се случи предвремени избори или уставните измени, Таравари одговори дека изборите се сè поизвесни, бидејќи за нив нема поддршка од 80 гласа во парламентот.
„ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го повтори ставот дека нема да поддржи уставни измени, додека вчера Владата ја дефинираше преговарачката рамка од која премиерот Ковачевски очекува земјата по осум години земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тоа се дијаметрално спротивни ставови. За да нема предвремени избори, ќе мора сите политички субјекти да се ангажираат и да ја дадат својата поддршка за уставните измени“,изјави Таравари.
Алијанса на Албанците како опозициска партија има 8 пратеници во Собранието.