Со забава со познати пеачи и групи и бесплатен влез во сите македонски музеи ќе се одржи прославата на 31 годишнината од прогласувањето на независност на 8 септмври, најави денеска Владата. Овогодишното мото на чествувањето на државниот празник Денот на независноста е „ обединети во слободата“.
Централната свечена прослава ќе се одржи во четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“ и ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба.
Во нивното соопштение не се наведени детали кои групи и музичари се ангажирани за денот на прослава. Агендата на премиерот Ковачевски вклучува положување цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“, потоа Свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски во вилата на Водно.
Државните прослави и до четири пати поскапи од децениските фестивали
Во текот на денот целата држава, ќе започне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.
Фирма од Тетово, која печати свидетелствa е и организатор на прославите за Рамковниот
Од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко-показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.