Последниот од шесте реактори во нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина е ставен “офлајн“ односно исклучен од мрежата поради гранатирање во областа. Во меѓувреме денеска се очекува Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба да издаде извештај за нуклеарната безбедност во Украина, кој се очекува да ги вклучи наодите на агенцијата откако нејзина делегација ја посети нуклеарната централа.
Претходно Енерхоатом, операторот на електраната, претходно соопшти дека далноводот што го поврзува последниот реактор во функција со националната електроенергетска мрежа бил прекинат по гранатирањето во областа поради зголемени стравувања од несреќа во централата. Во нивното соопштение е наведено дека повторно ќе се вклучи откако пожарот кој бил предизвикан од артилериски оган, ќе биде изгаснат.
МААЕ ќе го објави извештајот по посетата на експертите на нуклеарната централа Запорожје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ги обвинува руските војници за нападите и можните ризици. Тој вели дека нападите врз централата во пресрет на објавувањето на извештајот само укажува дека на Москва „ не и е грижа за тоа што ќе утврди и покаже меѓународната заедница“.
Од друга страна пак, Русија ја обвинува Украина за можни ризици од сериозни проблеми со најголемата нуклеарна централа во Европа, која беше окупирана од руските сили на почетокот на шестмесечната инвазија.
Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, на 5 септември ја обвини Русија за „непромислено однесување“ во врска со централата изградена од Советскиот Сојуз, поради загриженоста за продолжување на нуклеарна катастрофа во стилот на Чернобил.
Загриженост поради нуклеарната централа Запорожја расте
Наодите на МААЕ за Советот за безбедност и глобалната јавност следат по посетата на делегација минатата недела за да изврши увид во Запорожје.
Генералниот директор Рафаел Гроси ќе го објави извештајот и ќе го информира Советот за безбедност на Обединетите нации на 6 септември.
Руските сили се фокусирани на напади на југ и исток, а властите инсталирани од Москва во окупираните делови на регионот Керсон ги одложија плановите за референдум за приклучување кон Русија.