Нови 179 заразени со ковид- 19, нема починати

Илустрација, вакцина против ковид

Во изминатото деноноќие од направени 997 тестови за ковид-19, регистрирани се нови 179 случаи. Во последниве 24 часа не се евидентирани починати лица од копликации настанати од ковид-19, велат македонските здравствени власти.

Најголем број на новозаболени со ковид – 19 живеат во Скопје се 97, потоа се Кавадарци и Велес – по 9. Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.


Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300.

Според Институтот за јавно здравје, минатата недела се регистрирани вкупно 1.069 нови случаи на КОВИД-19, со намалување од 39,3 проценти во однос на минатата недела. Пријавени се пет смртни случаи, а во моментов се хоспитализирани 83 лица, од кои 34 се на кислородна поддршка.

„Пријавени се пет смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела со намалување од 58,3 отсто во споредба со минатата недела. Двајца починати се од Скопје, а пријавени се и по еден смртен случај од Кичево, Виница и Пробиштип. Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години, сите се починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети,“ велат од ИЈЗ.

Пријавени се пет смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела со намалување од 58,3 отсто во споредба со минатата недела. Двајца починати се од Скопје, а пријавени се и по еден смртен случај од Кичево, Виница и Пробиштип. Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години, сите се починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети, велат од ИЈЗ.

Заклучно со 3 септември 2022 година, вакцинирани се вкупно 875 606 лица со барем една доза на вакцина против ковид -19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно
856 624 лица.