Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини санкциите кон Русија за енергетската криза во Европа. „Европа го жнее она што го посеа. Односот на Европа кон Путин и санкциите го натераа, сакал или не, да каже: „Ако го направите тоа, јас ќе го направам ова“, рече турскиот претседател на прес-конференција во Анкара. „Путин ги користи сите средства и оружје со кои располага, првенствено природен гас. Ние не го сакаме тоа, но мислам дека Европа ќе има сериозни проблеми оваа зима“, додаде Ердоган. Тој исто така рече дека Турција „нема да има такви проблеми“.
Газпром: нема да има гас од „Северен тек“ додека германскиот партнер не ја поправи опремата
Кремљ вчера објави дека прекинот на испораката на руски гас за Германија преку стратешкиот гасовод Северен тек е единствена вина на Западот, бидејќи санкциите против Русија го спречуваат, како што тврди Москва, одржувањето на гасната инфраструктура.