Висок директор на рускиот извозник на гас Газпром вели дека компанијата нема да продолжи со испораката на гас преку гасоводот Северен тек 1 додека германскиот партнер не ја поправи, како што тврди, неисправната опрема, што ја зголемува европската енергетска загриженост со намалувањето на температурите. Партнерот, Сименс Енерџи соопшти дека не е задолжен за никакви поврзани поправки. На економски настан во Владивосток на 6 септември, заменик главниот извршен директор на Гаспром, Виталиј Маркелов, рече за рестартирањето на протокот на гас дека „прво треба да ја поправат опремата“. Северен тек 1 е најголемиот гасовод за гас од Русија до Европа со годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри. Се протега од Виборг, во близина на руската граница со Финска, до Лубмин во североисточна Германија.
Голем пораст на цените на гасот по исклучувањето на „Северен тек“
Западните лидери ја обвинија Москва дека ги користи своите енергетски резерви како оружје, но се соочува со огромни предизвици во насочувањето кон алтернативни извори и методи за производство на енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во минатата недела ги охрабри Европејците да се подготват за тешка зима бидејќи „Русија подготвува одлучувачки енергетски удар за сите Европејци за оваа зима“. Западните финансиски и трговски санкции и контрапотезите на Москва резултираа со големи падови или прекини на многу европски земји кои вообичаено се потпираат на рускиот гас. Москва постојано негира дека користи енергетски резерви како оружје.