Референдумот во украински Керсон за приклучување кон Русија е одложен

Украински војници го инсталираат знамето на Украина во ослободеното село Високопилија во регионот Керсон, 4 септември 2022 година

Претставник на воената администрација инсталирана од Москва во окупираните делови на украинската област Керсон изјави дека референдумот за приклучување кон Русија е одложен, бидејќи украинските вооружени сили продолжуваат со воените операции со цел да ја вратат контролата врз областа. „Ние се подготвивме за гласањето и сакавме да го одржиме референдумот во најблиска иднина, но поради развојот на настаните што се случуваат во моментов, мислам дека ќе паузираме со референдумот“, изјави назначениот од Русија заменик-гувернер на Керсон Кирил Стремусов.

Што значи новата стратегија на Украина за следната фаза од војната

Керсон, важен пристанишен град на Црното Море, е под руска контрола од почетокот на март. Украина минатиот месец започна контраофанзива на југот, а Киев тврди дека вратил дел од територијата и оти продолжуваат тешките борби. Стремусов, кој во јуни рече дека Керсон сега е „полноправен“ дел од Русија и дека референдумот за приклучување на регионот кон Русија ќе се одржи на почетокот на септември, изјави дека неодамнешните предупредувања на украинската вицепремиерка Ирина Верешчук нема да го нарушат секој можен референдум.

„Ги учат децата да мразат“: „русификација“ на украинските училишта

Верешчук рече дека жителите на Керсон кои ќе учествуваат на нелегални референдуми организирани од официјални претставници наметнати од Русија може да се соочат со казна затвор до 12 години и конфискација на целиот нивен имот.