Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од 21 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 26 степени.