Новинарката на Ал Џезира била убиена по грешка тврди израелската војска

Новинарката Ширин Абу Аклех беше убиена на 11 мај додека известуваше за нападите на израелската војска на окупираниот Западен Брег

Израелската војска објави дека, резултатите од истрагата покажале дека долгогодишната новинарка на Ал Џезира била застрелана по грешка од израелски војник.

Висок воен функционер вели дека нема да се покрене кривична истрага за инцидентот.

Новинарката Ширин Абу Аклех беше убиена на 11 мај додека известуваше за нападите на израелската војска на окупираниот Западен Брег.

Според тврдењата на официјалните претставници, војникот ја убил новинарката „веројатно по грешка“, но нема објаснување зошто сведоците и видео снимките укажуваат дека на тоа место имало ограничена екстремистичка активност и дека немало пукање во близина, се додека куршумот не ја погоди новинарката Абу Аклех и истоврмено рани уште еден новинар.

ЕУ бара независна истрага за убиството на новинарката на Ал Џезира

Семејството на новинарката ја критикуваше израелската истрага, велејќи дека армијата се обидела да ја избегне одговорноста за убиството и рече дека се уште се длабоко повредени, фрустрирани и разочарани и повикаа на независна истрага од страна на Соединетите Американски Држави и Меѓународниот кривичен суд.

Ширин Абу Аклех, Палестинка која имала и американско државјанство, беше добро позната низ арапскиот свет по тоа што две децении известуваше за настаните на окупираниот Западен Брег.