Русија додаде уште 25 американски државјани на списокот со санкции меѓу кои се најдоа и холивудските актери Шон Пен и Бен Стилер.
Министерството за надворешни работи во Москва на 5 септември соопшти дека одлуката е одговор на „проширените санкции на Вашингтон против руски државјани“.
Американските граѓани додадени на листата на санкции на Русија вклучуваат и членови на американскиот Конгрес, официјални личности, како и претставници на бизнис групи.
На листата се најдоа и холивудските актери Бен Стилер и Шон Пен поради тоа што беа отворени во критиките за војната на Москва во Украина.
„Перење мозок“: Руската државна ТВ го продава наративот на Кремљ за војната во Украина
Шон Пен беше во Украина на снимање документарен филм кога избувна војната на 24 февруари, а исто така ги посети Буча и Ирпин, местата на наводните злосторства врз цивили од страна на руските сили.
Стилер се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев во јуни, нарекувајќи го „мојот херој“.
Сега има вкупно 1.073 американски државјани на списокот на санкции на Русија.