Поврзување на нов интерконектор за течен гас, зголемување на капацитетите за складирање течен гас во Бугарија, но и изнаоѓање решение за снабдување со струја во четвртиот квартал од оваа и првиот квартал од следната година, под оптимални услови за стопанството.
Ова било добоворено на денешната средба во Софија меѓу македонските и бугарските претставници на владата и енергетскиот сектор, со цел да и се помогне на Македонија во справување со последиците од економската криза бидејќи Бугарија е извозник на струја и целосно ги задоволува своите домашни капацитети.
Премиерот Ковачевски во посета на Софија
За ова да се случи, ќе биде креирана работна група со претставници од двете држави, за да се прецизираат сите детали на оваа соработка. Резултатите од нејзината работа, според македонскиот премиер Ковачевски, се очекуваат за две недели.
„Прво се договоривме заедно со Република Бугарија да формираме веднаш во среда работна група составена од министерствата за економија на нашата држава, Министерството за енергетика на Бугарија, како и ЕСМ и другите компани во рамки на Бугарија каде што ќе се разговра за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија. Во однос на цените што ќе треба да бидат дефинирани согласно легислативата на Бугарија согласно со директивитре и легислативата на ЕУ и согласно со легислативата на Северна Македонија. Исто така разговарвме и за количините што се потребни кај нас со оглед на тоа дека Бугарија е земја која е извозник на електрична енергија, благодарение на капацитетите коишто ги има особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа“, изјави премиерот Ковачевски по средбата.
Може ли Европа да живее без руски гас?
Бугарскиот премиер Донев изјави дека ќе одговорат на апелот за помош.
„Се договоривме да продолжиме со работа по сектори и со работни групи. Една од темите а тоа е преговорите кои се водеа денес во областа на енергетиката и многу брзо се одговоривме на апелот за помош од страна на Северна Македонија за решавање на главните предизвици што се јавуваат пред нив и кај нив во секторот за енергетика. Бугарија традиционално била и се уште е лидер на Балканот и дискутирани беа и конкретни можности за соработка и во областа на електроенергијата и преносот на гас и бидејќи Бугарија има големи капацитети како за потребите на економијата, така и индустријата на Северна Македонија и за домаќинството, станува збор за 200 мегават часа пренос на електроенергија за перидоот до 31 март 2023 година“, изјави бугарскиот премиер Голуб Донев.
Во македонската делегација беа и министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕВМ Васко Ковачевски, претседателот на Сојузот на стопанскатакомора на Северна Македонија Бранко Азевски.