Во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022) направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 61 реинфекции.
Регистрирани сe 412 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (02.09 - 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.
Повеќе од една деценија нема нови лекови на државна сметка
Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296