Цените на природниот гас експлодираа денеска по најавата за целосно затворање на Северен тек 1. На холандската платформа за тргување со гас TTF, која е референца за европскиот пазар, денеска околу 11 часот по средноевропско време се тргуваше по цена од 278 евра за мегават час, што е зголемување за 30 отсто, најголем пораст од почетокот на руската инвазија врз Украина. „Газпром“ во петокот објави дека гасоводот „Северен тек 1“, кој требаше да продолжи со работа во саботата по тридневен прекин поради редовно одржување, целосно ќе биде исклучен додека не се поправи турбината од витално значење за снабдувањето на Европа.
Зеленски ја предупредува Европа да се спреми за тешка зима
„Газпром“ соопшти дека во турбината биле откриени истекувања за време на операцијата за одржување. Сепак, производителот на турбини Сименс енерџи изјави дека истекувањето на нафта не го оправдува запирањето на гасоводот Северен тек 1 од технички аспект. Со ова ново затворање на гасоводот, европската економска криза влезе во нова критична фаза. Тоа се стравувања за најлошото сценарио за кое беа подготвени европските лидери, предупреди Сузана Стритер, аналитичар во Гаргривс Лансдаун.