Напад на бомбаш самоубиец пред руската амбасада во Кабул

Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, Авганистан, 05 септември 2022 година

Бомбаш самоубиец денеска предизвикал голема експлозија пред руската амбасада во главниот град на Авганистан, Кабул. Новинската агенција Ројтерс соопшти дека две лица загинале, а 11 биле повредени во експлозијата откако напаѓачот самоубиец го активирал експлозивот кога врз него пукале стражарите. Руската државна агенција РИА Новости објави дека еден дипломат и еден чувар се повредени во инцидентот, кој се случи во близина на долга редица Авганистанци кои чекаа да добијат виза за Русија. Агенцијата ги цитира локалните извештаи според кои околу 15 или 20 луѓе биле убиени или повредени.

Талибанците ја прославуваат годишнината од повлекувањето на странските сили

Русија е една од ретките земји што ја задржа својата амбасада во Кабул отворена по преземањето на земјата од талибанците во август 2021 година. Меѓународната заедница - вклучително и Русија - не ги призна де факто талибанските власти во Авганистан. Талибанските милитанти ја презедоа власта во земјата во минатата година набргу откако меѓународната коалиција предводена од САД се повлече од земјата.