Приватните лекари од денеска три дена нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи. Лекарите бараат промена на законската одредба пациентите да бидат врзани со приватните здравствени установи, режимот на препишување на лекови. Претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) д-р Лили Чолакова-Дервишова вели дека за приватните лекари во примарното и секундарното здравство од 2018 не е покачена капитацијата која е 63 денари, а во јавното здравство платите неколку пати се покачиле. Нема покачувања ниту во буџетот кај лаборатории, специјалисти, рурални доктори.
Матичните лекари ќе штрајкуваат, пациентите ќе страдаат, а државата му се посветила на проблемот
Таа вели дека од последниот протест на 7 април, иако понудиле решение за проблемите, нема активност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува штрајкот и смета дека не може преку пациенти да се бојкотира работа, а одбива и промени да се прават во краток рок или под притисок. Лекарите предупредуваат дека секојдневно се затвораат ординации и дека постои опасност цели региони да останат без амбуланти.