Премиерот Димитар Ковачевски и делегација од ресорите економија и енергетика, како што е најавено, за време на денешната работна посета на Софија ќе разговараат за справување со последиците на светската енергетска криза. Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во врска со посетата вчера изјави дека сериозно се подготвуваат за денешните разговори. Според Милков, односите меѓу Бугарија и Северна Македонија имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Република Северна Македонија.
Бугарскиот амбасадор во Вашингтон: Историјата ќе биде услов за влез на Северна Македонија во ЕУ
Милков, исто така, вели дека очекува да се разговара за широк спектар на прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања. „Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност“, рече Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.