Исламистичката милитантна група Хамас која владее со Појасот Газа соопшти дека егзекутирала пет Палестинци од кои двајца под обвинение за шпионирање за Израел во случаи кои датираат од 2009 и 2015 година.
Егзекуциите со бесење или стрелање почнаа да се спроведуваат на палестинските територии од 2017 година.
Палестинските и меѓународните групи за човекови права постојано ја осудуваат смртната казна и го повикаа Хамас да ја прекине оваа практика.
Имињата на осудените лица не се соопштени, но Хамас посочи дека тројца биле осудени за убиство.
Двајцата осудени шпиони биле на возраст од 44 и 54 години. Хамас соопшти дека и дал информации на израелската влада кои довеле до убиства на Палестинци.
Хамас, кој ја презеде власта во Појасот Газа во 2007 година, се смета за терористичка организација од САД, ЕУ и Израел.
Во меѓувреме, израелски воени претставници изјавија дека Палестинци денеска пукале во израелски автобус на пустински автопат на окупираниот Западен Брег, при што раниле пет војници и возачот што е уште еден знак за зголемено насилство во регионот.