Германската влада вети дека ќе ги користи приходите од неочекуваните даноци за да им помогне на потрошувачите да се справат со зголемените трошоци за енергија, бидејќи земјата се одвикнува од зависноста од увозот на енергија од Русија.
Канцеларот Олаф Шолц денеска изјави дека владата ќе одвои 1,5 милијарди евра за субвенционирање на јавниот превоз. Целиот пакет за економска поддршка, како што рече Шолц, изнесува 65 милијарди евра.
„Ќе ја пребродиме оваа зима“, рече Шолц, додавајќи дека Германија има доволно енергетски резерви за да ја дочека следната година.
Најголемата европска економија се бори со долготрајните ефекти од пандемијата на Ковид-19, како и со новиот инфлациски притисок врз храната и енергијата предизвикани од руската воена инвазија на Украина.
На 2 септември, рускиот државен гигант за природен гас Газпром рече дека на неодредено време ќе ја прекине испораката на гас преку гасоводот Северен тек 1 поради истекување нафта во турбините на компресорската станица Портоваја.