Албанија има околу 2,8 милиони жители

Илустрација.


Албанскиот институт за статистка, ИНСТАТ соопшти дека во јануари 2022 година, резидентното население на Албанија брои околу 2,8 милиони жители, од 2,9 милиони колку што имало во 2011 година кога беше спроведен последниот попис на населението.

Според ИНСТАТ, во просек, нето емиграцијата изнесува од 30.000 до 50.000 луѓе кои заминуваат во текот на последната деценија.

Проценките на Обединети нации покажуваат дека од 1990 до 2020 година Албанија ја напуштиле околу 1,2 милиони лица. Станува збор за нето миграција, која вклучува разлика меѓу оние што се враќаат и оние што заминуваат.

До падот на комунизмот, по што почна бранот на масовна миграција, Албанија имаше над 3,8 милиони жители.