На третиот ден од Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан на Белградскиот саем“ предвидено е премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, да го додели „Винскиот трофеј Отворен Балкан“. Саемот е организиран од Отворен Балкан и земјите членки Србија, Северна Македонија и Албанија. Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.
Натпреварот се организира во категориите бели, црвени, рози, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот.
На саемот учествуваат речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, пред се од Србија, од Северна Македоија (42 винарии), Албанија и земјите од регионот, но и од целиот свет, Јужна и Северна Америка и Централна Европа.
Вчера се одржа политичкиот дел на Самитот Отврен Балкан, на кој покрај претседателот на Србија Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.
Премиерот Ковачевски синоќа се обрати на Македонската вечер која се одржа во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан. Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан на Белградскиот саем“ започна на 1, а завршува на 4 септември “.